Македонија Алијанса за Албанците: Нема враќање во времето на доминација на еден етникум

Алијанса за Албанците: Нема враќање во времето на доминација на еден етникум

Оттаму го коментираат барањето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија во Уставот повеќе да не се окарактеризира како мултиетничка држава

Фото: Алијанса за Албанците

Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време, соопшти политичката партија Алијанса за Албанците коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија во Уставот повеќе да не се окарактеризира како мултиетничка држава.

Ваквиот став опозициската ВМРО- ДПМНЕ го соопшти како реакција на тезите за промена на Уставот според моделот на Хрватска со што Бугарите би се впишале во преамбулата како предуслов за продолжување на евро-интеграциските процеси.

„Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата“, велат од Алијанса, но додаваат дека решението што тие го нудат значи „апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти“.

„Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%“, велат од Алијанса посочуваќји дека Албанците не се само национално малцинство во земјата.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине изборните интереси „и да се воздигне на должноста што им припаѓа, вклучително и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази, во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик“.

ВМРО-ДПМНЕ бара Македонија повеќе да не биде мултиетничка држава