Македонија 30 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 26 пациенти, а починаа 3...

30 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 26 пациенти, а починаа 3 лица

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека регистрирале 30 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие во нашата земја, и тоа во: Скопје-11, Тетово-6, Велес-5, Прилеп-3, Куманово-2, Штип-1, Битола-1 и Охрид-1. Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, од кои 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.

Истовремено, Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 26 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес на 58 години примен на 12 мај, пациент од Тетово на 57 години лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово на 78 години хоспитализиран на 11 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, а на починати е 101. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398, при што предничи Скопје со 144 активни случаи на заболени од Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина се 7 пациенти и уште 1 пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.