Главна секција Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, изјавил дека не гледа никаква причина за недоверба и за сомневање во неговата работа, објави „Дојче веле“, отакако партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, преку соопштение побара Зврлевски да си поднесе оставка.

– Јас не гледам причина за недоверба и за сомневање во работата на државниот јавен обвинител. Досега, со моето професионално постапување во рамките на моите надлежности, јас не сум сторил ништо со што би се нарушила или изгубила довербата во јавното обвинителство – изјавил Зврлевски.