Визуелизации Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

Фото: Арбнора Мемети

Откако на 26 мај се укина мерката полициски час, оттогаш, заклучно до денес се зголемил бројот на прекршоци за неносење заштитна маска на лицето, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од 27 мај до 1 јуни евидентирани се 3.005 прекршители на оваа мерка. Најголем број прекршоци се во недела, 31 мај кога МВР регистрирало 673 лица што не носеле заштитна маска.

Но, иако се укина забраната за движење, на сила останаа да важат мерките носење заштитна маска, држење физичка дистанца и честа дезинфекција. За оние што нема да носат маска на лицето, предвидена е парична казна од 20 евра.

Здравствените власти постојано апелираат да се почитуваат задолжителните мерки. Микробиолозите укажуваат дека корона вирусот не е мртов и дека истиот не може да исчезне поради асимптоматските случаи. Податоците покажуваат дека секој трет од заболените со Ковид-19 во земјава е без симптоми, но може да ја пренесе болеста. Оттука е и важноста на одржување растојание од 2 метра, носењето заштитна маска, како и често миење и дезинфекција на рацете.