Свет Свет Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија...

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа.

Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го испитува наводното мешање на Русија во предизборната кампања за претседателските избори во САД, одржани на 8 ноември мината година.

Триесет и шестгодишниот Кушнер ја играше клучната улога на посредник на тимот на Трамп со странски земји, за време на предизборната кампања. Тој беше вклучен во организирањето на состанокот со јапонскиот премиер Шинзо Абе и со претседателот на Мексико, Енрике Пељ Нието.

Кушнер денеска треба да биде сослушан за контактите со руски функционери.