Македонија Земјотрес во Струмица ноќеска

Земјотрес во Струмица ноќеска

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 2.10 часот регистрирала земјотрес во струмичкото подрачје, поточно на 125 километри југоисточно од Скопје.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3 степени, а земјотресот од населението во Струмица и околината бил почувствуван со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.