fbpx
Таг: Природно-математички факултет

таг: Природно-математички факултет

Повторно нападната студентка на ПМФ, ѝ го украл телефонот и ја турнал

Дваесетгодишна студентка вчера околу 9 часот наутро кај Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје била нападната од страна на едно лице, кое ѝ го одзело мобилниот телефон и ја турнал. Нападот на оваа локација се случува неполни три месеци откако студентите на ПМФ се жалеа и побараа засилување на безбедноста околу институцијата. За нападот на студентката првично објави нејзината сестра. Таа...

Проф. Ќуштеревска: Никој не може да го оспори мојот успех само затоа што сум жена

Според некои од последните податоци на Обединетите нации, само една третина, односно 33,3 отсто од научниците во светот и само 12 проценти од членовите во националните научни академии, се жени. Но, според податоци на УНЕСКО од 2019 година, Македонија е лидер во Европа според уделот на жените-истражувачи во вкупниот број истражувачи во земјата, со 52,3 отсто од сите истражувачи...

Ботаничката градина на ПМФ е место каде ќе може да се видат најретките ендемични растенија од земјава

Тропски растенија, кактуси, палми, азиски дрвенести растенија и грмушки, некои стари и по седум децении се цел од Ботаничката градина која постои во рамките на Природно математичкиот факултет. На површина од над пет хектари се одгледуваат повеќе од 500 растенија и околу 300 дрвја и грмушки, од целиот свет, како и многу ендемични и ретки, карактеристични само за нашето...

Изготвена студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато

Општина Охрид ја изготви Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, информираат од локалната самоуправа во Охрид. Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани...

Два земјотресa во Штипско почувствувани утринава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје утринава во 8.00 часот и во 8.15 часот регистрираше земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 km југоисточно од Скопје. Според досегашните податоци, нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3,1 на првиот и 2,7 на вториот земјотрес....

Земјотрес во Гостиварско, се почувствува и во Скопје

Земјотрес од 4 степени според Европската макросеизмичка скала се случи вчера во 20.56 часот во подрачјето на Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија, го утврдила епицентарот на 40 километри западно од Скопје, во Гостиварско, а Рихтеровата магнитуда на земјотресот на...

Земјотрес во Струмица ноќеска

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 2.10 часот регистрирала земјотрес во струмичкото подрачје, поточно на 125 километри југоисточно од Скопје. Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3 степени, а земјотресот од населението во Струмица и околината бил почувствуван со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Два земјотреси со епицентар во Грција почувствувани на југот на Македонија

Два земјотреси почувствуваа граѓаните во јужните делови на Македонија, синоќа по полноќ. Епицентарот на земјотресите се наоѓал во Грција, а Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на едниот од земјотресите на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.  

Силен земјотрес утрово почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ги вознемири жителите на Скопје. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на три километри североисотчно од Скопје, во околината на селото Црешево, на длабочина од 2 километри. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека утрово биле регистрирани серија земјотреси со епицентри во Скопското епицентрално подрачје....

Музика и омраза: Како една песна предизвика етнички тензии на студентска забава во Скопје

Студентска забава во Скопје пролетва доби неочекуван пресврт кога пуштањето на албанска песна при крајот на настанот предизвика полемики и говор на омраза на социјалните мрежи. И покрај инклузивниот...