Свет Земјотрес од 8 степени во Мексико, најмалку двајца загинати

Земјотрес од 8 степени во Мексико, најмалку двајца загинати

Во земјотресот со интензитет од 8 степени по Рихтеровата скала што денеска го погоди Мексико, загинаа најмалку две лица.

Пацифичкиот центар за предупредување потврди дека е регистрирано цунами, при што најголемиот бран бил 0,7 метри.

Епицентарот бил на 123 километри југозападно од градот Пихихапан на длабочина од 33 километри. Потресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити.