Свет Европа Земјотрес од 6,6 степени ја стресе Италија

Земјотрес од 6,6 степени ја стресе Италија

Земјотрес од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Италија.

Во земјотресот урнати се повеќе згради и историски цркви во малите градови и села што изминатата недела веќе беа погодени од потреси.

Иако сè уште нема информации за жртви, штетата од денешниот земјотрес е голема.

Меѓу зградите оштетени во Норча се историската Базилика на свети Бенедикт и градското собрание.