Свет Балкан Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Охрид и Преспа

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Охрид и Преспа

Фото: Принтскрин од volcanodiscovery.com

Земјотрес со јачина од 3.9  според Рихтерова локална магнитуда, денес го стресе тлото на Албанија. Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со епицентралното подрачје Елбасан, Албанија го регистрираше 130 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 11.57 часот, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.