Македонија Земјотрес од 2,3 степени по Рихтер го стресе Прилепско

Земјотрес од 2,3 степени по Рихтер го стресе Прилепско

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје денеска во 4.39 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 65 километри јужно од Скопје, во подрачјето на Прилеп.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,3. Според досегашните податоци земјотресот почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.