Свет Запленети еден тон кокаин и „нарко-подморница“ во Колумбија

Запленети еден тон кокаин и „нарко-подморница“ во Колумбија

Колумбиската војска запленила повеќе од еден тон кокаин и една „нарко-подморница“ во близина на брегот на Колумбија.

Како што се наведува во соопштението на војската, припадниците на морнарицата во националниот парк Санкијанга откриле и уништиле „полуподморница дизајнирана како торпедо“, која имала капацитет да транспортира два тона кокаин.

Вредноста на запленетиот кокаин на меѓународниот пазар се проценува на околу 32 милиона долари.
Колумбиските власти од 1993 година досега запленила или уништила 91 вакво пловило.