Свет Балкан Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада

Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Риал фм“.

Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повторил грчките позиции.

– Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Нешто што значи дека предуслов е промена на уставот од страна на нашите соседи, за да најдеме едно одржливо, стабилно и заемно политичко решение за кое сите ќе можат да се чувствуваат горди, и двата народи – вели Ѕанакопулос во интервјуто.