Свет Балкан Ѕанакопулос: Ако соседите немаат волја и расположение нема да има решение

Ѕанакопулос: Ако соседите немаат волја и расположение нема да има решение

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос говорејќи за грчката телевизија „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.

– Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение – рече Ѕанакопулос, одговарајќи на прашање за ставовите на македонскиот премиер во вчерашните интервјуа за „Шпигел“ и „Еуроњуз“.