Свет Балкан Закана за безбедноста на конзулатот на САД во Истанбул

Закана за безбедноста на конзулатот на САД во Истанбул

Стејт департментот им препорача на американските граѓани да не го посетуваат денеска генералниот конзулат на САД во Истанбул поради информацијата дека има закана за неговата безбедност.

Ова се наведува во соопштение што денеска беше објавено на веб-страницата на Советодавниот совет за меѓународна безбедност при Стејт департментот.

Информацијата е објавена и на официјалната интернет-страница на конзулатот на САД во Истанбул.

„Во врска со информацијата за непосредна закана за безбедноста на генералниот конзулат на САД во Истанбул, конзулатот ги советува сите американски државјани денеска да ги избегнат посетите на конзулатот“, пишува во соопштението.

Конзулатот денеска и утре нема да работи.