Свет Балкан Заев и Ципрас во снежниот Давос го топат мразот за името

Заев и Ципрас во снежниот Давос го топат мразот за името

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска за прв пат официјално се сретнаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

„Започна средбата со премиерот на Република Грција, Ципрас. Отворено разговараме и градиме меѓусебна доверба во интерес на граѓаните“, напиша Заев на официјалниот „Твитер“ профил.

Од Владата соопштуваат дека премиерите на двете земји дополнително ќе одлучат дали ќе дадат изјави за медиумите откако ќе заврши средбата.