Свет За уредбата за мигрантите ќе се борам низ системот, порача Трамп

За уредбата за мигрантите ќе се борам низ системот, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека судската борба за неговата уредба за бегалците и за имигрантите би можела да заврши на Врховен суд.

– Ќе се борам за уредбата низ системот – рече Трамп, притоа изразувајќи надеж дека ќе надвладее „здравиот разум“.

Уредбата на Трамп забранува влез на граѓани од седум земји со мнозинско муслиманско население. За време на викендот, судијата Џејмс Робарт од Сиетл привремено ја блокираше уредбата, што предизвика остри критики од претседателот.

Трамп повтори дека неговата уредба забранува „лоши луѓе“ да влезат на територија на САД.