Свет Балкан Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен во победа во првиот круг

Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен во победа во првиот круг

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција и фаворит на денешните избори во Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева, но не знае дали да очекува победа во првиот круг, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

„Секогаш се надевате на успех, победа, но народот ќе каже што сака и што мисли. Секоја волја на граѓаните во Србија ќе ја прифатам и ќе ја признаам и ако сум поразен, во истиот момент ќе им честитам на противниците“, изјави Вучиќ по гласањето на кое се појави со својата ќерка.

Вучиќ, кој во претседателската трка влезе како премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), изјави дека се надева дека Србија на денешните избори ќе обезбеди стабилност и продолжување на економските реформи.

На прашањето дали ако победи ќе ги обедини функциите претседател и премиер на Србија, Вучиќ изјавил дека тоа прашање е глупаво.

„Ќе го почитувам Уставот на Србија. Тоа ми е обврска“, истакнал Вучиќ.