Свет Балкан Вучиќ: Не им забележуваме на Македонија и на Црна Гора, но ќе...

Вучиќ: Не им забележуваме на Македонија и на Црна Гора, но ќе им го паметиме

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека не е среќен поради поддршката на Македонија и на Цена Гора на препораката за Косово за членство во УНЕСКО, но оти не им забележува бидејќи државите водат своја политика. Сепак, додава дека „тоа ќе го паметат“.

– Мојата порака до граѓаните на Србија е: Главата горе, без разлика колку е тешко. Ние ништо изгубивме на седницата на извршниот совет, изгубија тие што брзале со тоа и кои се обидуваа да ни покажат колкава им е силата и снагата – рече Вучиќ во Мадрид.

Вучиќ рече дека не треба да се води кампања против кого било, ни против Македонија и Црна Гора, за кои потсети дека го признале Косово.