Македонија Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил...

Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил болен

Јавната седница на Врховниот суд на која треба да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, а која беше закажана за утре, повторно е одложена, овојпат на барање на еден од адвокатите, кој бил болен.

Претходно седницата требаше да се одржи на 30 мај, но петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, ја одложи за 9 јуни поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од осудените.

Врховниот суд овој предмет го стави на дневен ред 15 месеци откако одбраната на осудените поднесе жалба на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шестемина обвинети беа осудени на доживотни затворски казни.