Македонија Времето сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

Времето сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

Во Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот, а попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.