Македонија Времето денеска со повремени врнежи од снег

Времето денеска со повремени врнежи од снег

Денеска повремено ќе врне снег, а во југоисточните делови врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет.

Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за пет до 10 сантиметри. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 1 Целзиусов степен.

По котлините има ниска облачност и магла, додека во Полошката Котлина видливоста е до 500 метри.

Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од минус 2 до 4 Целзиусви степени, а во Полошко до минус 4 Целзиусови степени.

Најстудено утрово е во Берово каде се измерени минус 10 Целзиусови степени. Снежната покривка е највисока во Маврово, каде изнесува 71 сантиметар.