Свет Свет Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица.

Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град.

Опсерваторијата за човекови права соопшти дека воздушните напади се интензивирале во изминатите неколку дена и дека помеѓу загинатите имало девет жени и 12 деца.