Македонија Во Валандово утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Во Валандово утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Во Валандово утре ќе се одржи референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини.

За референдумот да биде успешен, утре треба да излезат најмалку 5.200 граѓани со право на глас.

Валандово е четвртиот град каде што ќе се одржи референдум. Жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран веќе се изјаснија против отворање рудници.