Свет Свет Во ураганот Харви загинаа 60 лица

Во ураганот Харви загинаа 60 лица

Во тропската бура Харви, која го опустоши крајбрежниот дел на Тексас, загинаа 60 лица, објавија локалните власти.

Во невремето на 26 август, кое донесе поројни дождови и ветер со сила и до 215 километри на час, десетина илјади лица ги имаа напуштено своите домови.

Пред доаѓањето на ураганот, претседателот Доналд Трамп одобри прогласување зона на елементарна катастрофа.