fbpx
Таг: Харви

таг: Харви

На американското крајбрежје му се заканува нов ураган

Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека овој викенд заливското крајбрежје на САД би можело да го погоди нов ураган и дека ако тоа се случи, на мета ќе бидат Алабама и Талалахаси. Ова предупредување следува еден месец откако огромни делови на југот на САД и Карипските Острови останаа уништени од ураганите што ги погодија. Ураганот Харви предизвика поплави какви што не...

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом - Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Во ураганот Харви загинаа 60 лица

Во тропската бура Харви, која го опустоши крајбрежниот дел на Тексас, загинаа 60 лица, објавија локалните власти. Во невремето на 26 август, кое донесе поројни дождови и ветер со сила и до 215 километри на час, десетина илјади лица ги имаа напуштено своите домови. Пред доаѓањето на ураганот, претседателот Доналд Трамп одобри прогласување зона на елементарна катастрофа.

Трамп од Конгресот побара 7,9 милијарди долари за обнова на Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има уште многу работа да се направи за да се обнови Тексас по ураганот Харви и од Конгресот побара 7,9 милијарди долари за обновата. Гувернерот на јужната американска држава, Грег Абот, оцени дека за тоа ќе бидат потребни години. Тој соопшти дека и државните и сојузните власти помагаат во намалување на штетите. „Тексас се обновува...

МНР: Нема македонски државјани погодени од ураганот „Харви“ во Тексас

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот „Харви", соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Од таму додаваат дека македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови...

Бурата „Харви“ го остави Тексас под вода, крајбрежјето опустошено

Тропската бура „Харви“ го опустоши крајбрежниот дел на Тексас и до сега усмрти најмалку три лица, евакуирани се најмалку 2.000 луѓе, а повеќе стотици се без струја. На помош пристигна и американската Национална гарда. -Состојбата е тешка, а ќе биде уште полошо – предупреди гувернерот на Тексас, Грег Абот. За спасување на жителите од поплавените куќи ангажиранi се 40 чамци, а...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...