Свет Во судир помеѓу војската и талибанците во Пакистан загинаа 11 лица

Во судир помеѓу војската и талибанците во Пакистан загинаа 11 лица

Најмалку пет војници и шест талибанци загинаа во нападите на контролните пунктови на пакистанската војска во областа Вазиристан, изјавија безбедносните власти.

Пакистанската војска во петокот започна копнена офанзива во шумовитите предели на долината која преставува граница помеѓу Северен и Јужен Вазиристан.

Група милитанти денес рано изутрина го нападнаа контролниот пункт во областа покрај Шавала при што загинаа најмалку тројца припадници на обезбедувањето.

– Милтантите во нападот користеле тешко вооружување, вклучувајќи ракетни проектили и митралези. Нашите сили одговорија на нападот, а сега ги проверуваме бројот на жртвите милитанти – рече неименуван припадник на безбедносните сили.

Неколку саати подоцна, двајца припадници на безбедносните сили, вклучувајќи и еден потполковник, загинаа во судирот со милитантите во Шавал долината, а исто така загинале и најмалку шест екстремисти, наведе пакистанската војска во соопштението.

Фракцијата на пакистанските талибанци со кои војската се бори во Северен Вазистан од јуни минатата година, презема одговорност за двата напади.

– Нема да дозволиме војската да влезе во Шавал – наведел портпаролот на талибанците Азам Тарик.