Свет Европа Во судир на возови во Полска 28 лица се повредени

Во судир на возови во Полска 28 лица се повредени

Во судир на патнички и на товарен воз на северот на Полска, повредени се 28 лица, соопшти денеска Железницата во Полска.

Патничкиот воз налетал на товарна композиција во градот Сметово Граничне.

Од 11 вагони на патничкиот воз, седум излетале од колосекот. Никој од повредените не е во животна опасност.