Свет Балкан Во Србија 10 кандидати на претседателските избори

Во Србија 10 кандидати на претседателските избори

Републичката изборна комисија денеска прифати уште три кандидатури за претседателските избори во Србија, меѓу кои е и кандидатурата на лидерот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак.

Бројот на кандидатите што ќе се пресметаат на изборите на 2 април со тоа се зголеми на 10, а меѓу нив се лидерот на Српската напредна партија и актуелен премиер, Александар Вучиќ, двајца опозициски кандидати кои ги кандидираа групи граѓани, поранешниот омбудсман, Саша Јанковиќ, и поранешниот шеф на дипломатијата, Вук Јеремиќ.

Помеѓу прифатените кандидатури се и лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, претседателот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „Доста е“, Саша Радуловиќ, и кандидатот на Демократската партија на Србија, Александар Поповиќ.