Македонија Во Скопје вчера санкционирани се 322 возачи, од кои 105 за пречекорување...

Во Скопје вчера санкционирани се 322 возачи, од кои 105 за пречекорување на брзината

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 322 санкции, информираат од МВР.

Полицијата вчера казнила 18 лица кои возеле без возачка дозвола, а изречени се и 105 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, како и 13 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно санкционирани се 20 мотоциклисти.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ велат од ресорното министерство.