Свет Европа Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

Во самоубиствен бомбашки напад во Истанбул загинаа најмалку четири лица

Денеска, при самоубиствен бомбашки напад на главната трговска улица во центарот на Истанбул, најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени.

Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и на странски брендови.

Меѓу загинатите при експлозијата се претпоставува дека е и бомбашот самоубиец.

Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.

Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара на 13 март, при кој загинаа 37 лица. Одговорност за овој напад ја презеде групата Соколи за слободата на Курдистан (ТАК), која е формирана од отпадници од Курдската работничка партија (ПКК).

Во сличен напад минатиот месец во Анкара, за кој одговорност, исто така, презедоа ТАК, загинаа 30 лица.

Во јануари, пак, на плоштадот Султанахмет во Истанбул, при бомбашки напади извршен од припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), загинаа 12 странски туристи, од кои ннајголемиот број Германци.