Подглавна секција Во САД втор ден по ред починати речиси 2.000 во едно деноноќие

Во САД втор ден по ред починати речиси 2.000 во едно деноноќие

Во САД во последните 24 часа починале 1.973 луѓе од новиот корона вирус, соопшти универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Тоа е втор ден по ред бројката на починати во едно деноноќие да е речиси 2.000. Вчера беше соопштена бројка од 1.939 лица починати од Ковид-19.

Со тоа вкупната бројка на починати во САД се искачи на 14.695 луѓе. Вкупната бројка дијагностицирани изнесува 432.132.

Во светот, пак, до утрово бројката дијагностицирани изнесува 1.484.811, а вкупната бројка починати е 88.538.