Македонија Во последното деноноќие регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, девет лица починале

Во последното деноноќие регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, девет лица починале

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1.996 тестови се регистрирани 198 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новорагистрираните случаи се во Скопје – 120, потоа во Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирана е 31 реинфекција.

Министерството за здравство информира дека се оздравени 276 пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.

Во текот на последното деноноќие, пак, починале 4 лица – две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (72г) и Битола (74г). Пријавените лица починале во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица – 2 од Скопје и по едно од Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите лица биле на возраст од 53 до 92 години.

Досега во земјава се направени вкупно 1.922.182 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.