Свет Во одрон на земјиште во Кина загинаа 31 лице

Во одрон на земјиште во Кина загинаа 31 лице

Бројот на жртвите во одронот кој затрупа работници на градилиште во кинеската провинција Фуџен се зголеми на 31 лице, додека седум луѓе се водат како исчезнати.

До несреќата дошло во неделата, околу 5 часот наутро по локално време, на градилиштето во округот Таининг на југоистокот на Кина, кога 100.000 кубни метри камења и кал ги затрупаа просториите во кои спијат работници.

Функционер во кинеската Комунистичка партија изјави дека причините за несреќата засега не се познати, но дека на тоа место со денови имало интензивни врнежи од дожд.

Во Кина од средата има силни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави и одрони на повеќе локации.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на преземање максимални напори за пронаоѓање на преживеани, а во акцијата за спасување ангажирани се повеќе од 400 лица.