Свет Европа Во Ница им се изгубила трагата на 28 ученици од училиште од...

Во Ница им се изгубила трагата на 28 ученици од училиште од Берлин

По нападот во Ница, сè уште е непозната судбината на многу луѓе, а меѓу нив и на 28 ученици од училиште од Берлин.

Германските медиуми јавија дека двајца ученици и еден учител од училиштето „Паула Фирст“ од Берлин загинале во нападот, а неколку деца биле во критична состојба.

Информацијата ја потврдил наставник од ова училиште. Децата биле на еднонеделна екскурзија во Ница.