Свет Во немири во затвор во Мексико загинаа 52 лица

Во немири во затвор во Мексико загинаа 52 лица

Најмалку 52 лица загинаа во бунтот и во пожарот кој изби во затвор на северот на Мексико, соопштија мексиканските власти.

Немирите почнаа синоќа, нешто по полноќ, со расправија на две ривалски групи осуденици во затворот „Топо Чико“ во индустрискиот град Монтереј.

Гувернерот Хаиме Родригес рече дека властите ја ставиле ситуацијата под контрола, час и половина по полноќ.

Родригес рече дека 52 лица загинаа, не прецизирајќи дали меѓу нив има затворски чувари.

Според гувернерот, сите загинати се мажи. Во немирите се повредени и 12 лица, од кои пет се во тешка состојба.