Свет Свет Во напад со автомобил бомба во Багдад, загинаа 12 лица

Во напад со автомобил бомба во Багдад, загинаа 12 лица

Најмалку 12 цивили се убиени, а 28 се ранети при напад со автомобил бомба во трговската зона во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти.

Автомобилот полн со експлозив, кој бил оставен на паркиралиште во квартот Карадах, во кој доминира шиитско население, експлодирал при што биле оштетени 15 возила.

Исламска држава во интернет-соопштение презеде одговорност за овој напад.