Свет Европа Во Манчестер уапсено едно лице поврзано со нападот

Во Манчестер уапсено едно лице поврзано со нападот

Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица.

Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец.

Таа додаде дека властите се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот. Според нејзините зборови, напаѓачот сам го извел нападот, но се уште не е јасно дали некој му помогнал во подготовките.

Одговорноста за нападот ја презема Исламска држава.