сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Манчестер | 14 резултати

Британија ја прекина размената на разузнавачки податоци со САД

25 мај 2017

Британската полиција ја прекина размената на информации за терористичкиот напад во Манчестер со службите од САД. Повеќе детали за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица се појавија во американските медиуми, посебно телевизиите „Ен-би-си“ и „Си-би-ес“, пред британската полиција да ги пушти во британските медиуми. Освен тоа, американските медиуми објавуваа фотографии кои наводно ја […]

Бомбата од Манчестер иста како оние од Париз и Брисел

25 мај 2017

Висок претставник на САД изјави дека експлозивот кој е искористен во Манчестер арената е ист со оној кој бил користен за време на нападите во Париз и Брисел, пишува „Гардијан“. Републиканецот Мајк Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот изјави дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП. Тој вели дека […]

Објавена слика од Салман Абеди, бомбашот од Манчестер

24 мај 2017

Салман Абеди е идентификуван како осомничен за самоубиствениот бомбашки напад на концерт во Манчестер во кој загинаа 22 лица, а 59 беа повредени. Британските медиуми денеска објавија фотографија од 23-годишниот Абеди за кој британската премиерка Тереза Меј потврди дека е роден и пораснал во Британија. Абеди е од Манчестер, а родителите му се со либиско […]

Откриен е идентитетот на напаѓачот од Манчестер

23 мај 2017

Лицето за кое се сомнева дека е бомбашот-самоубиец од Манчестер е идентификувано како Салман Абеди, јавува „Си-би-ес“. „Си-би-ес њуз може да потврди дека осомничениот за терористичкиот напад во Манчестер е 23-годишниот Салмаб Абеди“, соопшти медиумската куќа. Абеди наводно од претходно и бил познат на британската полиција. Засега нема официјална потврда на информацијата. Претходно британската премиерка […]

Во Манчестер уапсено едно лице поврзано со нападот

23 мај 2017

Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица. Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец. Таа додаде дека властите се уште не се подготвени да го објават идентитетот на […]

Нема загинати и повредени македонски државјани во нападот во Манчестер

23 мај 2017

Министерството за надворешни работи на Република Македонија го осуди синоќешниот терористички напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, а 59 се повредени. Од МНР информираат дека меѓу загинатите и повредените, досега не се евидентирани македонски државјани. Министерот во заминување Никола Попоски, упати писмо со сочувство до Државниот секретар на Комонвелтот на Обединетото Кралство на […]

Светските лидери го осудија терористичкиот напад во Манчестер

23 мај 2017

Европските и светските лидери го осудија терористичкиот напад во Манчестер и изразија солидарност со Велика Британија по синоќешната експлозија на концертот на американската поп ѕвезда Ариана Гранде при што загинаа 22 лица, а 59 беа повредени. Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал телефонски со британската премиерка Тереза Меј и и изразил сочуство, солидарност и уверување дека […]

Путин и Трамп го осудија терористичкиот напад во Манчестер

23 мај 2017

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди терористичкиот напад во Манчестер во кој загинаа 22 лица, а 59 се повредени и изрази сочувство на семејствата на загинатите. Тој порача дека Русија е подготвена за уште поблиска антитерористичка соработка со Велика Британија. „Одлучно го осудуваме тој циничен, нечовечен злостор. Веруваме дека организаторите нема да останат неказнети“, се […]

Компани се повреди, Манчестер сити ослабнат

8 ноември 2014

Манчестер сити ги загуби речиси сите шанси за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите со поразот од ЦСКА Москва, а дополнителен проблем за Мануел Пелегрини претставува повредата што на тој меч ја заработи капитенот на тимот, Винсент Компани. Белгиецот се пожали на болки во мускулот, а деталните прегледи покажаа дека ќе му биде неопходна пауза […]

Ван Перси си оди од Манчестер јунајтед

3 ноември 2014

Робин ван Перси не е задоволен во Манчестер јунајтед и можнo e уште во зимскиот преоден рок да си замине од „Олд Трафорд“, тврдат дел од англиските медиуми. Иако соработката со Ван Гал е одлична, Ван Перси сака да ја промени средината и да си обезбеди „тежок“ договор за наредните неколку години. Холаѓанецот има 31 […]

Страна 1 од 1