Свет Во Египет осудени 56 лица поради бродска несреќа во која загинаа 200...

Во Египет осудени 56 лица поради бродска несреќа во која загинаа 200 мигранти

Египетскиот суд осуди 56 лица на затворска казна поради поврзаност со превртувањето на бродот со мигранти минатата година во септември, кога загинаа 200 лица.

Осудениците добија казна до 14 години затвор, а меѓу делата за кои се осудени се убиство, убиство без предумисла и небрежност, пренесува „Би-би-си“.

Исто така, има осудени и за загрозување животи, земање пари од жртвите, некористење на спасувачка опрема, криење на осомничените.

Бродот со мигранти пловел кон Италија кога се превртел на 12 километри од египетското пристаниште Розета.

Се проценува дека на бродот имало околу 450 мигранти, вклучувајќи и 100 лица заробени во трупот на бродот.

Несреќата ја преживеаја 163 патници, повеќето Египќани. На бродот имало и државјани на Сирија, Судан, Еритреја и Сомалија.