Свет Европа Во Егејско Море вчера загинале 16 мигранти, од кои 11 деца

Во Егејско Море вчера загинале 16 мигранти, од кои 11 деца

Најмлаку 16 мигранти, од кои 11 деца, се удавиле вчера во источниот дел на Егејско Море, во повеќе одвоени инциденти, вклучувајќи го и бродоломот кај островот Лезбос, во кој грчката крајбрежна стража успеала да спаси 242 лица, јавуваат светските агенции.

Денеска, во близина на островот била спроведена опсежна потрага по 34 мигранти, кои се водат како исчезнати, по потонувањето на дрвениот брод во кој се наоѓале повеќе од 280 бегалци.

Во инцидентот животите ги загубија пет деца, двајца мажи и една жена, чија националност сè уште не е утврдена.