Свет Балкан Во демонстрациите во Косово повредени се 21 полицаец и еден новинар

Во демонстрациите во Косово повредени се 21 полицаец и еден новинар

Еден новинар и 21 полицаец се повредени за време на насилните демонстрации во Приштина, соопшти полицијата во Косово, а пренесе новинската агенција „Танјуг“.

Како што соопштија од полицијата, демонстрантите кои носеле фантомки на глава, ги почнале нередите нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и со камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле распоредени припадници на косовската полиција.

На протестите уапсени биле пет демонстранти.

Од безбедносни причини, полицијата ги отстранила шаторите од централниот плоштад во Приштина, во кои претходните три дена кампуваа приврзаници на опозицијата.