Свет Свет Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права.

Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца.

Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди.

Според директорот на центарот, Рами Абдел Рахман, бунтовниците се обидуваат да го заземат квартот бидејќи потоа тој ќе биде комфорна база за напади врз владините сили.

Сириската агенција САНА информира дека сириските воено-воздухопловни сили уништиле колона од 20 воени транспортни возила на терористите.