Свет Свет Во бомбардирање во Сирија загинале 32 цивили

Во бомбардирање во Сирија загинале 32 цивили

Најмалку 32 цивили се убиени на северот на Сирија, во бомбардирањето кое најверојатно го спровеле руските сили, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон.

– Авионите во четврток го бомбардираа градот Рака и локалитетите Ал-Баби во провинцијата Алепо. Меѓу жртвите имало и шест деца и 11 жени, а десетина лица се ранети – соопшти директорот на Опсерваторијата за човекови права, Рами Абделрахман.

Рака се смета за главно упориште на милитантите од Исламска држава.