Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ измислуваат нерегуларности за да ги украдат изборите

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ измислуваат нерегуларности за да ги украдат изборите

Срамно е што Петре Шилегов денеска беше во Теарце меѓу луѓето кои неговата партија лажно сака да ги прикаже како фалсификатори и сторители на изборни нерегуларности, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на посетата на Теарце од страна на Петре Шилегов, кој е носител на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шилегов, Заев и СДСМ „измислуваат“ нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија.

– Шилегов, Заев и СДСМ сакаат со фалсификат во Теарце да ја одземат победата на мнозинството граѓани во Македонија – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.