Економија ВМРО-ДПМНЕ: Помошта од швајцарски експерти за компаниите е наш проект

ВМРО-ДПМНЕ: Помошта од швајцарски експерти за компаниите е наш проект

Денешиот настан на вицепремиерот „тендераш“ Кочо Анѓушев, швајцарски експерти кои ќе го помагаат развојот на пет домашни фирми, е всушност проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, странски експерти за домашни компании, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Анѓушев се пофалил со проектот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „овојпат тој го спроведува со симболична бројка од само пет компании и само со одреден круг на експерти“.

„Имено, проектот на ВМРО-ДПМНЕ беше со драстично подобри услови и перформанси за домашните компании. Тој се спроведе во три циклуси и беа опфатени повеќе десетици домашни компании. Владата на Заев нема идеја и, практично, наместо да ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, смислува начини или да ги укине или да ги изобличи губејќи ја суштината“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.