Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев

„Народот се чувствува постизборно измамен со тиранската платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори. Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев и не сака криминалец да ја води државата. Речиси двојно поголема е поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во своето редовно утринско соопштение.

Партијата на својот политички противник му порачува дека доколку во СДСМ постои „барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ“, ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок.

ВМРО-ДПМНЕ, исто така, го предупреди СДСМ „да не помисли да бега од локалните избори како што претходно двапати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори“.