Македонија Владата ќе обезбеди поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на...

Владата ќе обезбеди поевтина струја за компаниите за стабилизирање на цените на храната

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес – конференција соопшти дека за училиштата и за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење ќе има поевтина струја.

Со оваа мерка, како што рече Ковачевски, ќе треба да се стабилизираат цените на храната. Се очекува цените на производите да се намалат за најмалку 10 отсто.  Евтина струја ќе има за училиштата. Истото ќе важи и за јавните претпријатија. 95 евра по мегават час ќе биде цената на електричната енергија.

„Во оваа енергетска криза, секој денар е важен за граѓаните. Се очекува најтешката зима по Втората светска војна. Граѓаните нема сами да ја пребродуваат оваа криза“, рече Ковачевски.

Субвениците за над 600.000 домаќинства и фирмите ќе продолжат и натаму. 42.000 граѓани од ранливите катергории и пензионерите ќе добијат поддршка оваа зима.