Македонија Владата ќе добие грант од 350.000 долари за електронски услуги

Владата ќе добие грант од 350.000 долари за електронски услуги

Состанок на министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и претставници на Амбасадата на САД и Естонскиот центар за источно партнерство. Фото: МИОА, 21 септември 2021

Грант од 350.000 долари на владата на Северна Македонија ќе дадат Амбасадата на САД во Скопје и Естонскиот центар за источно партнерство. Тоа било потврдено на денешниот состанок на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со претставници од двете тела.

Грантот е наменет за активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци.

Министерот Шаќири на средбата истакнал дека Mинистерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е посветено на спроведување на дигитализацијата, зголемување на транспарентноста на институциите, олеснување на процедурите и услугите преку електронските услуги, подобрување на демократијата во државата и унапредување на дигиталните вештини на јавната администрација, посочуваат од МИОА.

Министерот на средбата се заблагодарил на Амбасадата на САД за континуираната поддршка.