Главна секција Визуелна хронологија: Еден месец протести против аболицијата

Визуелна хронологија: Еден месец протести против аболицијата

Точно еден месец помина (12 април) откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов, прогласи широка аболиција и помилува 56 лица – политичари и нивни соработници кои се споменуваат во прислушуваните разговори.

Таа одлука, донесена пет дена по распуштањето на Собранието, предизвика бура протести низ целата земја и на сите нивоа. Секој ден се бараше и се бара повлекување на одлуката и оставка на претседателот. Протестите од Скопје се проширија низ целата земја, а демонстрантите од т.н. „Шарена револуција“ на иновативен начин и со „герила-акции“ продолжуваат да го изразуваат револтот и да ја исмеваат одлуката за помилување.

Иванов, со потегот без преседан, дополнително и максимално ја искомплицира кризата која трае повеќе од една година.

Секојдневните протести низ земјата продолжуваат.